Проповедник 6:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Човекот се труди само за да јаде, а неговата душа никогаш не се наситува.

8. Зашто во што е мудрецот подобар од безумниот, и што да се рече за бедниот кој умее да се однесува пред луѓето?

9. Подобро е да се види со очите отколку да се скита со желби. И тоа е суета и тежина на духот.

10. Што веќе суштествуваше, има име; и се знае што е човек; и тој не може да се суди со појакиот од себе.

11. Зашто има многу нешта кои ја умножуваат суетата, и каква му е ползата на човекот од тоа?

Проповедник 6