9. Подобро им е на двајцата отколку на еден, зашто имаат подобра плата за својот труд.
10. Ако падне едниот, другиот ќе го поткрене а тешко му на едниот! Ако падне, нема никој да го крене.
11. Па и ако се спие двајца заедно потопло е; а како ќе се загрее самецот?
12. И ако некој удри на едниот, двајцата ќе му се спротиват; и троструко јаже не се кине скоро.
13. Подобар е сиромашен младец а мудар, отколку стар цар а неразумен, кој веќе не знае за совет.
14. Зашто младецот може да излезе од темница и да стане цар, а тој и како цар да е роден пак ќе е сиромашен.
15. Забележав како сите кои живеат и одат под сонцето се определија за младецот, за настапникот кој ќе го наследи.
16. Тој стапува на чело на безбројните поданици и идните поколенија не можеа да се радуваат заради него. И тоа е суета и тежина на духот.