Проповедник 4:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пак почнав да ги набљудувам сите насилства што се прават под сонцето, и ете, солзи на угнетуваните, и никој нема да ги избрише; и насилствата на угнетувачката рака, а утешител нема за нив.

2. Затоа ги сметам среќни мртвите што веќе умреле; посреќни се од живите што живеат уште.

3. А од едните и другите е посреќен оној кој уште не постои, кој не ги видел лошите дела што се прават под сонцето.

4. Натаму искусив дека секој напор и секој успех му прибавува на човекот завист од неговиот ближен. И тоа е суета и гонење на ветер.

5. Безумникот ги скрстува рацете и се јаде себеси.

6. Подобро е полн грст во мир отколку двата грста со мачен труд и мака во духот.

Проповедник 4