Проповедник 12:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Воедно Проповедникот се трудеше да најде прикладни зборови и да ја изрази направо вистината.

11. Беседите на мудрите луѓе се како остени и како закачени колци: пастирот се служи со нив за доброто на своето стадо.

12. И на крај, сине мој, знај дека е потребно неизмерливо многу труд за да се напише книга, и дека многу учење го уморува телото.

13. Да го чуеме завршниот збор за сè: „Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сè за човекот.”

14. Зашто сите скриени дела, било добри или зли, Бог ќе ги изведе на суд.

Проповедник 12