Проповедник 12:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост, пред да дојдат лоши денови и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: „Не ми се милеат.”

2. Пред да се помрачат сонцето и светлината, месечината и ѕвездите, и да се вратат облаците по дождот.

3. Во денот кога затреперуваат чуварите на куќите и се наведнуваат јунаците, и се здодеваат мелничарките, зашто се премалку, и се помрачуваат оние кои гледаат низ прозорците;

Проповедник 12