Проповедник 1:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Видов сè што се прави под сонцето: каква ли суета и тежина на духот!

15. Што е криво не може да се исправи; тоа што го нема, не може да се изброи.

16. Јас зборував со своето срце и реков: „Ете, придобив поголема мудрост од кој и да е од моите предходници во Ерусалим. Моето срце научи голема мудрост и знаење.”

17. Внимателно ја проучив мудроста а така и глупоста и лудоста, но сознав дека тоа е гониветер.

18. Многу мудрост - многу јад; што повеќе знаење, тоа повеќе болки.

Проповедник 1