П.надпесн. 8:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. О, да си ми брат, да ги цицаше градите на мојата мајка! Тогаш, сретнувајќи те на улица, ќе те пољубев и никој немаше да ме осуди за тоа.

2. Би те повела и би те вовела во домот на мајка ми; ти би ме учел, а јас би те поела со најдобро вино и со сок од калинки.

3. Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.

4. Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, не будете ја и не тревожете ја мојата возљубена, додека самата не посака!

5. Која е таа што доаѓа од пустината, потпрена врз својот возљубен? Те разбудив под јаболкницата, каде те роди мајка ти, каде твојата родителка те донесе на свет.

П.надпесн. 8