П.надпесн. 7:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините!

7. Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови.

8. Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка.

9. Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните.

10. Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене.

11. Дојди, возљубен мој, ќе одиме во полето, ќе ноќеваме во селата.

П.надпесн. 7