3. Јас му припаѓам на мојот возљубен, мојот возљубен ми припаѓа мене; тој пасе меѓу лилјаните.
4. Убава си, моја возљубена, како Терса, красна си како Ерусалим, страшна како војска под знамињата.
5. Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат.
6. Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена.
7. Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез.
8. Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици.