П.надпесн. 4:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Срцето ми го плени, сестро моја, невесто; срцето ми го плени само со еден твој поглед, само со еден бисер од твојот ѓердан.

10. Колку е слатка твојата љубов, сестро моја, невесто! Твојата љубов е послатка од виното, а мирисот на твоите масла е попријатен од сите мириси.

11. Саќин мед капе од твоите усни, невесто, мед и млеко се под твојот јазик, а мирисот на твоите облеки е како ливански мирис.

12. Ти си затворена градина - сестро моја, невесто, затворена градина и запечатен кладенец.

13. Твоите подници се калинкина градина, полна со најодбрани плодови: калинка и шафран,

14. мирислива трска и цимет, со сите темјанови стракови, со смирна и алој, со најдобри мириси.

15. Кладенецот е во мојата градина, извор на жива вода што тече од Ливан.

16. Стани: северец! дувни: јужен ветре! Повеј над мојата градина, нека се разнесат нејзините мириси. Мојот возљубен нека дојде во својата градина, за да ги вкуси нејзините најслатки плодови.

П.надпесн. 4