П.надпесн. 4:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Пред денот да издивне и пред да се опуштат сенките, ќе тргнам на смирнината гора и на темјановото бреже.

7. Целата си прекрасна, возљубена моја, и нема недостаток на тебе!

8. Дојди со мене од Ливан, невесто! Дојди со мене од Ливан! Слези од врвот на Аман, од лавските пештери, од горите на рисовите!

9. Срцето ми го плени, сестро моја, невесто; срцето ми го плени само со еден твој поглед, само со еден бисер од твојот ѓердан.

10. Колку е слатка твојата љубов, сестро моја, невесто! Твојата љубов е послатка од виното, а мирисот на твоите масла е попријатен од сите мириси.

11. Саќин мед капе од твоите усни, невесто, мед и млеко се под твојот јазик, а мирисот на твоите облеки е како ливански мирис.

12. Ти си затворена градина - сестро моја, невесто, затворена градина и запечатен кладенец.

П.надпесн. 4