П.надпесн. 4:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Колку си убава, моја возљубена, Колку си прекрасна! Имаш очи како гулабица, под твојот превез; косата ти е како стадо кози, што слегуваат од гората Галад.

2. Забите ти се како стадо на остригани овци, кога се враќаат од капење: одат две по две како близначки и ниедна не е осамена.

3. Твоите усни се како лента од црвено предено и твоите зборови се љубезни; твоите образи се како калинкини половинки, под твојот превез.

4. Вратот ти е како Давидова кула изградена за одбрана: илјада штитови висат во неа, сè јуначки оклопи.

5. Твоите две гради, како две срничиња, близначиња, што пасат меѓу лилјаните.

6. Пред денот да издивне и пред да се опуштат сенките, ќе тргнам на смирнината гора и на темјановото бреже.

7. Целата си прекрасна, возљубена моја, и нема недостаток на тебе!

П.надпесн. 4