П.надпесн. 3:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Што се дига тоа од пустината како столб од дим, од кадењето на смирната и темјанот и на сите милномирисни правови?

7. Ете, тоа е Соломоновата носилка, околу неа, шеесет стројни момчиња, од најсилните во Израел!

8. Сите се вешти со мечевите, обучени се за војна; секому мечот му е на бедрото, заради ноќните опасности.

9. Царот Соломон си направи престол за себе од ливанско дрво.

10. Ги направи неговите столпчиња од сребро, потпирачите за лакти од злато; седиштето од црвено сукно; сè е украсено внатре, со љубовта на ерусалимските ќерки.

11. Излезете, сионски ќерки, и видете го царот Соломон со венецот, со кој го овенча неговата мајка, во денот на неговата свадба, во денот на радоста на неговото срце.

П.надпесн. 3