П.еремиин 5:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Спомни си Господи што нè најде, погледај, види го нашиот срам!

2. Нашето наследство падна во рацете на странците, нашите домови им припаднаа на туѓинците.

3. Сирачиња сме: немаме татко, мајките ни се како вдовици.

4. Водата што ја пиеме ја плаќаме со сребреници, треба да платиме и за дрво.

5. Јаремот ни е на вратот, нè гонат, исцрпени сме, не нè оставаат да здивнеме.

6. Ги пружаме рацете кон Египет и Асирија за да се наситиме со леб.

П.еремиин 5