П.еремиин 3:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Ме оставаше да ги кршам забите гризејќи камен, ме закопуваше во пепел.

17. И го одзеде мирот на мојата душа, и ги заборавив добрите работи.

18. Реков: дотраја мојата сила и надежта, која ми доаѓа од Господа.

19. Спомни си за мојата беда и страдањата, за пелинот и за отровот!

20. Непрекратно мисли на тоа и се суши душата во мене.

21. Тоа го носам во срцето и затоа се надевам.

22. Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат.

23. Тие се нови секое утро: Твојата верност е голема!

П.еремиин 3