3. Протеран е Јуда, во неволја е и на тешко заточение. Сега живее меѓу многубожците, не наоѓа починка. Сите гонители ја достигаат во теснините.
4. Сионските патишта тагуваат, зашто никој не доаѓа на прослави. Сите врати се разурнати, свештениците воздивнуваат, расплакани се неговите девици, а тој е полн со горчило.
5. Сега господарат неговите угнетувачи, непријателите ликуваат: Господ го ражалости заради неговите премногу гревови. Децата му отидоа на заточение пред угнетувачот.
6. Се повлече од Сионската Ќерка сета нејзина слава. Кнезовите и станаа како елени, кои не наоѓаат пасиште, немоќно одат тие пред гонителите.
7. Ерусалим си спомнува за деновите на бедата и скитањето, кога народот му падна во рацете на непријателот, а никој не му даде помош. Угнетувачите го гледаа смеејќи се на неговата пропаст.