20. Погледај, Господи, во каква тешкотија сум, мојата утроба трепери, срцето ми се згрчува во градите, зашто јас упорно ти се противев! Надвор мечот ги покоси моите синови, а внатре смрт.
21. Чуј како стенкам: ми нема утешител! Сите непријатели чуја за мојата несреќа и ликуваат зашто го направи тоа! Дај да дојде денот што си го објавил, за да им биде ним како мене.
22. Сето нивно зло нека се покаже пред Твоето лице, а тогаш постапувај со нив како што си постапил со мене за сите мои гревови! Зашто само воздивнувам, а моето срце тагува.