Откровение 8:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И вториот ангел затруби: и како голема гора, пламната со оган, беше фрлена во морето: и третината од морето стана крв,

9. и изумре третина од живите суштества во морето и пропадна една третина од бродовите.

10. И третиот ангел затруби: од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило и падна врз третината од реките и на водните извори.

11. А името на ѕвездата е Пелин. И третината од водите стана пелин и многу луѓе изумреа од водите, бидејќи беа загорчени.

12. И четвртиот ангел затруби: и беше удрена третината од сонцето и третината од месечината и третината од ѕвездите, за да потемнее третиот дел од нив, и третиот дел од денот да не свети, а исто така и од ноќта.

13. И видов и чув еден орел како лета посреде небото, велејќи со силен глас: „Тешко, тешко, тешко им на оние, кои живеат на земјата, заради другите трубни гласови на тројцата ангели, кои ќе затрубат.”

Откровение 8