1. И кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото, околу половина час.
2. И ги видов седумте ангели, кои стоеја пред Бога. И им беа дадени седум труби.
3. И дојде друг ангел, со златна кадилница, и застана при жртвеникот; и му беше даден многу темјан, за да го додаде со молитвите на сите свети, врз златниот жртвеник пред престолот.
4. И се издигна пред Бога, од ангеловата рака, темјановиот дим со молитвите на светите.
5. И ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со оган од жртвеникот и ја фрли на земјата; и настанаа громови и гласови и молњи и земјотрес.
6. А седумте ангели, кои имаа седум труби, се подготвија да затрубат.