Откровение 6:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари,

16. велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето,

17. зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?”

Откровение 6