Откровение 3:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!

16. Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.

17. Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.

18. Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.

Откровение 3