Откровение 3:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:

15. ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!

16. Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.

17. Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.

Откровение 3