Откровение 3:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Ете, идам скоро! Држи го цврсто она, што го имаш, за никој да не ја земе твојата круна.

12. Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име.

13. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”

14. ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:

15. ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!

16. Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.

17. Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.

Откровение 3