1. „И на ангелот на црквата во Сард напиши му:” Ова го зборува Оној, Кој ги има седумте Божји Духови и седумте ѕвезди: ги знам твоите дела, имаш име дека си жив, но си мртов.
2. Разбуди се и зацврсти го другото, што е веќе на умирање; зашто не ги најдов твоите дела исполнети пред Мојот Бог.
3. И така, спомни си, како си примил и чул, и пази и покај се. И така, ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец; и нема да знаеш во кој час ќе дојдам врз тебе.
4. Но имаш малку имиња во Сард, кои не ги онечистија своите облеки, тие ќе одат во бели облеки со Мене, зашто се достојни.
5. Кој победува, ќе се облече така во бели облеки и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, но ќе го признаам неговото име пред Мојот Татко и пред Неговите ангели.
6. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!”
7. ”И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: ова го зборува Светиот, Вистинитиот, Кој го има Давидовиот клуч; Кој отвора, и никој не затвора! Кој затвора и никој не отвора: