3. И нема веќе да има никакво проклетство. И престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во неа, и Неговите слуги ќе Му служат,
4. и ќе го гледаат Неговото лице, и Неговото име ќе биде на нивните чела.
5. Ноќ нема да има веќе и не ќе им биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат во веки веков.
6. И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро.
7. И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!
8. И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.
9. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”
10. И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу!
11. Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!”
12. И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело!
13. Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот.