Откровение 22:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело!

13. Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот.

14. Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите!

15. Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.”

16. ”Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!”

17. Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој слуша нека рече: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот!

Откровение 22