1. И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекува од престолот на Бога и на Јагнето.
2. Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите.
3. И нема веќе да има никакво проклетство. И престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во неа, и Неговите слуги ќе Му служат,
4. и ќе го гледаат Неговото лице, и Неговото име ќе биде на нивните чела.