Откровение 20:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И излегоа на земната ширина, и го опкружија логорот на светите и возљубениот град; и слезе оган од небото, од Бога, и ги проголта.

10. А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков.

11. И видов голем бел престол, и Оној, Кој седеше на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и не се најде место за нив.

12. И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела.

13. И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела.

14. И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро.

15. И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро.

Откровение 20