Откровение 17:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И ангелот ми рече: „Зошто се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на женава и на ѕверот, кој ја носи и има седум глави и десет рогови.

8. Ѕверот, што го виде, беше и го нема, и ќе излезе од Бездната за да отиде во пропаст. И ќе се зачудат земните жители чие име не е запишано, од создавањето на светот, во Книгата на Животот, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако тој е.

9. Тука е умот, што има мудрост! Седумте глави - тоа се седумте гори, врз кои седи жената.

10. Тоа се и седум цареви, од кои петмина паднаа, едниот е, а другиот уште не дошол, а кога ќе дојде, треба да остане малку.

Откровение 17