Откровение 17:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. И ја видов жената како се опива со крвта на светите и со крвта на Исусовите сведоци. И се зачудив многу кога ја видов.

7. И ангелот ми рече: „Зошто се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на женава и на ѕверот, кој ја носи и има седум глави и десет рогови.

8. Ѕверот, што го виде, беше и го нема, и ќе излезе од Бездната за да отиде во пропаст. И ќе се зачудат земните жители чие име не е запишано, од создавањето на светот, во Книгата на Животот, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако тој е.

9. Тука е умот, што има мудрост! Седумте глави - тоа се седумте гори, врз кои седи жената.

Откровение 17