Откровение 16:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И Го похулија небесниот Бог, заради своите маки и рани, и не се покајаа од своите дела.

12. И шестиот ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат: и пресуши неговата вода, за да им се приготви патот на царевите од исток на сонцето.

13. И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби;

14. имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда и одат при царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во великиот ден на Бога Сèмоќниот.

Откровение 16