1. И чув силен глас од храмот, како им зборува на седумте ангели: „Одете и излејте ги седумте чаши на Божјиот гнев на земјата!”
2. И првиот отиде и ја излеа својата чаша на земјата: и се појави лоша и лута рана на луѓето, кои ја имаа ознаката на Ѕверот и кои му се поклонуваа на неговиот лик.
3. И вториот ја излеа својата чаша во морето: и стана како крв од мртовец и умре секое живо суштество во морето.