Откровение 14:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И друг ангел излезе од храмот, што е во небото, и тој имаше остар срп.

18. И друг ангел, кој имаше власт над огнот дојде од жртвеникот, и му извика со силен глас на оној, кој имаше остар срп: ‘Испрати го својот остар срп, и обери го грозјето од земното лозје, зашто неговото грозје е веќе зрело.’

19. И ангелот го фрли својот срп на земјата, и го обра земното лозје и го стави во големата каца на Божјиот гнев.

20. И кацата беше изгазена надвор од градот, и од кацата потече крв до уздите на коњите, на растојание од илјада и шестотини стадии.

Откровение 14