Откровение 13:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. И му се даде да завојува против светите и да ги победи, и му се даде власт над секое племе и народ и јазик и народност.

8. И ќе му се поклонат сите, кои живеат на земјата, чии имња не се запишани во Книгата на Животот на Јагнето, заклано од создавањето на светот.

9. Кој има уво, нека чуе.

10. Кој води во ропство, и самиот ќе биде одведен во ропство; кој убива со меч, и самиот треба да загине од меч. Тука е трпението и верата на светите.

11. И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.

Откровение 13