Осија 8:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Трубата на уста, како стражарот на Господовиот Дом; зашто тие го престапија Мојот Завет, го престапија Мојот Закон.

2. Ми викаат Мене: „Те познаваме, Боже Израелев.”

3. Ама Израел го отфрли доброто, непријателот ќе го гони.

4. Поставуваа цареви без Мене, бираа кнезови без Мое знаење. Од своето сребро и злато си направија лажни богови, за да бидат уништени.

5. Го отфрлив твоето теле, Самаријо, Мојот гнев се распламте против нив. До кога ќе останат нечисти Израелевите синови?

Осија 8