Осија 7:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Во завера срцето им се вжарува како печка; нивната јарост дрема цела ноќ, наутро се разгорува како огнен пламен;

7. сите се распалиле како печка та ги проголтуваат своите судови. Сите нивни цареви паднаа, а ниеден од нив не Ме повика.

8. Ефрем се меша со народите, Ефрем е погача што не ја превртија.

9. Туѓинците ја јадат неговата сила, а тој тоа и не го знае! Седите коси му ја обелија главата, а тој тоа и не го знае!

Осија 7