Осија 4:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И со свештеникот ќе биде како и со народот; ќе го казнам за неговите патишта и ќе му наплатам за неговите дела.

10. Ќе јаде, но нема да се насити, ќе блудствува, но не ќе се размножува, зашто тие прекратија да Му служат на Бога -

11. блудството, пијалаците и виното им го пленија срцето.

12. Мојот народ бара совет од дрво, неговата палка му дава одговори: зашто духот на развратот ги заведува нив, та бегајќи од Својот Бог му се предаваат на блудството.

13. Тие жртвуваат на горските врвови и кадат на ридовите под даб, јаблан и под топола; зашто е толку пријатно под нивната сенка. И затоа, му се предаваат вашите ќерки на блудството, прават прељуба вашите невести,

14. не ќе ги казнам ќерките зашто блудничат, ниту вашите невести зашто прават прељуба; зашто тие сами одат насамо со блудниците и жртвуваат со храмските љубовници. Така, без разум народот оди во пропаст!

15. Ако ти, Израелу, му се предаваш на блудството, барем Јуда нека не греши! И не одете во Галгал, не искачувајте се во Вет Авен, не колнете се „живиот ми Господ.”

Осија 4