Осија 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Господ ми рече: „Оди пак, љуби ја жената која љуби друг и прави прељуба, како што Господ ги љуби Израелевите деца, додека тие се свртуваат кон други богови и копнеат по колачиња од грозје.”

2. Тогаш јас ја купив за петнаесет сребреници, за гомор и летек јачмен,

3. и и реков: „За многу дни ќе ми останеш повлечена; не ќе блудничиш ниту ќе му се даваш на некој човек, а ни јас нема да пристапувам кон тебе.”

4. Зашто многу денови Израелевите синови ќе останат без цар и без кнез, без жртва и без столб, без наплеќник и без терафими.

Осија 3