Осија 14:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израелу, врати се кај Твојот Господ Бог, зашто падна заради Твоето беззаконие.

2. Земете ги со себе зборовите и обратете се кон Господа. Речете Му: „Одземи го од нас беззаконието и прими го за добро и ние ќе Ти дадеме благодарни приноси од своите усни.

3. Асирецот нема да нè избави, и не ќе јаваме веќе коњи, ниту ќе му зборуваме на делото на своите раце: „Боже наш!” - зашто сирачето наоѓа милост во Тебе.”

Осија 14