Осија 13:4-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А Јас Сум Господ, твој Бог сè од Египетската Земја: не љуби друг Бог освен Мене! Нема Спасител освен Мене.

5. Јас те љубев во пустината, во сувата земја.

6. Јас ги пасев, и беа сити; наситените срца им се вообразија; и така Ме заборавија.

7. Затоа ќе им бидам како лав, како леопард што дебне на патот;

8. како мечка на која и ги грабнаа мечињата, Јас ќе се фрлам на нив, ќе им ги раскинам градите до срцето; како лав ќе го изедам нивното месо, полските ѕверови ќе ги растргаат.

9. Ќе те уништам, Израелу, и кој ќе ти помогне?

10. Та каде ти е царот за да те спаси, каде се твоите кнезови за да те бранат - оние за кои зборуваше: „Дај ми цар и кнезови!”

11. Во Својот гнев ти дадов цар, и во расрденост ти го земам.

12. Добро се чува Ефремовото беззаконие, неговиот грев добро е пазен во скривалиште.

13. Врз него дојдоа родилни болки, ама тој е лудо чедо, не излегува на време од мајчината утроба!

Осија 13