Неемија 8:11-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. од Виваевите синови: Захариј, син Виваев, и со него дваесет и осум мажи;

12. од Азгадовите синови: Јоанан, син Акатанов, и со него сто и десет мажи;

13. од последните Адоникамовите синови по име: Елифелет, Јеило и Семај, и со нив шеесет мажи;

14. и од Вигваевите синови: Гутај, син Завудов, и со него седумдесет мажи.

15. Ги собрав кај реката што тече кон Ахава. Се влогоривме таму за три дни. Го прегледав народот и свештениците, но не најдов ниеден левит таму.

16. Тогаш ги испратив главатарите Елиезер, Ариел, Семај, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захариј, Месулам, и учителите Јојарив и Елнатан

17. и му ги испратив на Идон, главатар на местото Касифија. Ги ставив во нивната уста зборовите што ќе им ги речат на Идон и на неговите браќа, кои се наоѓаа во местото Касифија, за да ни најдат слуги за Домот на нашиот Бог.

18. Милостивата рака на нашиот Бог беше над нас, и тие ни доведоа разумен човек од синовите на Малиј, син Левиев, син Израелов: Серевиј со неговите синови и браќа - нив осумнаесет.

19. Уште Асавиј и со него неговиот брат Исаиј, син Мерариев, и нивните синови, нив дваесет.

20. А од прислужниците, кои што Давид и главатарите ги поставија за левити за да им служат: двеста и дваесет прислужници. Сите беа запишани по име.

Неемија 8