Неемија 6:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Освен тоа повелам: секој што ќе ја прекрши оваа наредба, нека му извадат греда од куќата, па нека биде погубен на неа, а куќата да му стане затоа буниште.

12. И Бог, Кој таму го настани Своето Име, нека ги обори секој цар и народ, кој би се осмелил да ја прекрши мојата заповед и го разурне Божјиот Дом во Ерусалим! Јас, Дариј, ја дадов оваа наредба. Нека се извршува точно!”

13. Тогаш Татнај, сатрапот оттаде Реката, Сетар-Воснај и нивните другари, направија онака како што нареди царот Дариј.

14. А еврејските старешини продолжија да градат успешно по вдахновение на пророците Агеј и Захариј, синот Адонов. Го завршија градењето по наредбата на Израелевиот Бог и по наредбата на Кир и Дариј и Артаксеркс, персискиот цар.

15. Храмот беше завршен во дваесет и третиот ден на месецот Адар. Тоа беше во шестата година на владеењето на царот Дариј.

Неемија 6