Неемија 5:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тие му испратија извештај со оваа содржина: „На царот Дариј секаков мир!

8. Царот нека знае дека дојдовме во покраината Јудеја кај Домот на великиот Бог: го градат со крупни камења, ѕидовите ги обложуваат со дрво; работата се изведува внимателно и напредува во нивните раце.

9. Ги прашавме нивните старешини и им рековме: ‘Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате неговите ѕидови?’

10. Ги прашавме и за нивните имиња, за да ти јавиме. Така и ги запишавме имињата на оние, кои заповедаат со луѓето.

Неемија 5