Неемија 5:3-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Во тоа време дојде кај нив Татнај, управител оттаде Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници и ги прашаа: „Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате овие ѕидови?

4. Како се викаат луѓето, кои ја изградија оваа зграда?”

5. Но Божјото око бдееше над јудејските старешини, па не им забранија да работат додека веста не отиде до Дариј и додека не стигна писмен одговор за тоа.

6. Ова е препис на писмото, што му го испратија на царот Дариј: „Татнај, управител од онаа страна на Реката, Сетар-Воснај и нивните другари пратеници, оттаде Еуфрат.”

7. Тие му испратија извештај со оваа содржина: „На царот Дариј секаков мир!

8. Царот нека знае дека дојдовме во покраината Јудеја кај Домот на великиот Бог: го градат со крупни камења, ѕидовите ги обложуваат со дрво; работата се изведува внимателно и напредува во нивните раце.

9. Ги прашавме нивните старешини и им рековме: ‘Кој ви одобри да го градите овој Храм и да ги подигате неговите ѕидови?’

10. Ги прашавме и за нивните имиња, за да ти јавиме. Така и ги запишавме имињата на оние, кои заповедаат со луѓето.

11. А тие ни одговорија вака: ‘Ние сме слуги на Бога на небото и земјата; го градиме Храмот што беше изграден пред многу години и што го беше изградил и подигнал големиот цар на Израел.

12. Но кога нашите татковци го расрдија Бога на небото, Тој ги предаде во рацете на Халдеецот Навуходоносор, вавилонскиот цар, кој го разурна Храмов и го одведе народот на заточение во Вавилон.

Неемија 5