8. Потоа управителот Реум и тајникот Симсај му напишаа на царот Артаксеркс вакво писмо против Ерусалим:
9. „Управителот Реум, писарот Симсај и другите нивни другари: персиски судии, пратеници, чиновници; Архевци, Вавилонци, Сузанци - то ест Еламци -
10. и другите народи, кои великиот и славен Асурбанипал ги беше одвел во заточение и ги населил во градовите на Самарија и во другите краишта оттаде Реката.”
11. Еве го преписот на писмото што му го испратија: „Цару Артаксерксу, твоите слуги, од онаа страна на Реката. И така, сега,
12. царот нека знае дека Јудејците стигнаа кај нас од тебе; откако дојдоа во Ерусалим имаат желба повторно да го изградат одметничкиот и опак град; подигаат ѕидови, а основите веќе ги поставија.