Неемија 3:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога дојде седмиот месец - Израелевите синови веќе беа во своите градови - сиот народ се собра како еден човек во Ерусалим.

2. Тогаш Исус, синот Јоседеков, со своите браќа свештеници, и Зоровавел, синот Салатилов, со своите браќа, почнаа да Му градат жртвеник на Израелевиот Бог, за да принесуваат паленици, како што е напишано во Законот на Мојсеј, Божјиот човек.

3. И подигнаа жртвеник на старото место - иако беа во страв од народот во земјата - и Му принесуваа паленици на Господа, утрински и вечерни паленици;

Неемија 3