Неемија 2:63-70 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

63. И намесникот им забрани да јадат од светините сè додека не се појави свештеник за Урим и Тумим.

64. Сиот собор броеше четириесет и две илјади триста и шеесет души,

65. не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста и седум. Беа и двеста певци и певици.

66. Нивни коњи имаше седум стотини триесет и шест, нивни мазги двеста четириесет и пет,

67. камили имаше четири стотини триесет и пет, а нивни ослиња вкупно шест илјади седум стотини и дваесет.

68. Даден број од главатарите на татковските домови, кога стигнаа во Господовиот Дом, што е во Ерусалим, доброволно приложија дарови за Божјиот Дом, за да биде изграден на своето место.

69. Дадоа според своите можности во ризницата шеесет илјади златници, пет илјади мини сребро и сто свештенички облеки.

70. Свештениците, левитите и дел од народот се населија во Ерусалим; а вратарите, певците, нетинците и сите други Израелци во своите градови.

Неемија 2