Неемија 1:2-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Вака вели персискиот цар Кир: Сите земни царства ми ги даде Господ, небесниот Бог. Тој ми нареди да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја.

3. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, неговиот Бог нека биде со него! Нека оди во Ерусалим во Јудеја, и нека Му гради Дом на Господа, на Израелевиот Бог, на Бога Кој е во Ерусалим.

4. И каде уште да се задржал Остаток од тој народ, жителите во местото каде што престојува нека го помогнат со сребро и злато, со имот и добиток и со доброволни приноси за Божјиот Дом во Ерусалим.”

5. Тогаш главатарите на татковските домови на Јуда и Венијамин, свештениците и левитите, и сите на кои Бог им го подигна духот, станаа и тргнаа да го градат Господовиот Дом во Ерусалим.

6. И сите соседи им помагаа: со сребро, злато, со дарови, со добиток, со многу скапоцености, покрај сè што приложуваа доброволно.

7. Царот им ги изнесе посатките на Господовиот Дом, кои Навуходоносор ги беше однесол од Ерусалим и ги ставил во домот на својот Бог.

8. Персискиот цар, му ги врачи на ризничарот Митридат, кој му ги изброја на јудејскиот кнез Сасавасар.

9. Еве го неговиот попис: златни чинии: триесет; сребрени чинии: илјада и дваесет и девет;

10. златни чаши: триесет; сребрени чаши: четири стотини и десет; други посатки: илјада.

Неемија 1