2. Да, Господ ќе го обнови Јакововото величие како Израелевото величие; зашто пљачкашите ги ограбија, им ги истргаа лозјата.
3. Штитовите на неговите јунаци се црвенеат, неговите воини се во црвено сукно; бојните коли блескаат како железни гламни, во денот кога се подготвува; копјата се брануваат.
4. Бојните коли беснеат по улиците, летаат удирајќи се една со друга, изгледаат како гламни, како молњи, само светкаат.
5. Си спомнува за неговите моќници, се сопинат во одот, итаат бргу кон нејзините ѕидови, опсадата веќе е поставена.
6. Се отворат портите од реките, палатите се растопија.