Наум 1:13-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. А сега, ќе го скршам јаремот негов од тебе, ќе ги скинам твоите окови.”

14. Господ наредува против тебе: „Не ќе се сее веќе од твоето име, од капиштето на твоите богови ќе ги истребам резаните и леаните ликови, ќе го направам твој гроб, зашто си презрен.”

15. Гледајте, врз горите се нозете на оној, кој носи Добра вест, кој проповеда: „Мир!” Празнувај ги своите празници, Јудо, исполни ги своите заклетви, зашто Велијал веќе не ќе поминува преку тебе, тој е сосема истребен.

Наум 1